Дебата на УЈИЕ „Прогнозирање и мерки на ефектот на коронавирусот врз економијата“

Факултетот за бизнис и економија при Универзитетот на Југоисточна Европа одржа тркалезната маса на тема „Прогнозирање и мерки на ефектот на коронавирусот врз економијата“. Глигор Бишев, генерален директор на Шпаркасе банка го истакна ефектот во банкарскиот сектор низ светот и во земјава.

Според него, банскарскиот сектор во земјава е здрав, стабилен и високо ликвиден. Предност на нашата држава, како што појасни, е што е мала економија па компаниите и банките се пофлексибилни.

-Голем број на централни банки во светот почнаа да размислуваат за полабава монетарна политика. Централната банка на САД ја намали каматната стапка, а и Европската Централна Банка размислува на уфрлување на дополнителни средства, како би се задржала ликвидноста на компаниите и голем број на земји размислуваат за директно кредитирање на претпријатијата. Во Италија станбените кредити на населението што ќе биде овие денови дома, ќе се репрограмираат во овој период. Вакви движења нема во Македонија, истакна Бишев.

Доколку тоа се продолжи и трае најверојанто ќе треба да има мерки од монетарната политика, мерки од фискалната политика и да се преземата подолгорочни мерки, смета тој. Од аспект на економските текови исто така се зависи од тоа колку време ќе траат некои вонредни состојби поради корона вирусот.

-Прво затоа што голем број луѓе кои се вработени нема да можат да одат и да произведуваат, и тоа ќе влијае на страната на стоки и услуги ќе ја намали. Исто така голем број луѓе нема да трошат средства, исто така ќе влијае и на страна на побарувачката. Доколу овие ефекти се од краток рок, 30 до 60 дена, тогаш светска економија од септември повторно би се вратила на патеката на раст пред влијанието на корона вирусот. Меѓутоа, доколку тоа е од подолгорочен карактер, а исто така и дојде во корелација со други фактори на економскиот раст и доколку има продолжено влијание, светската економија може да влезе и во подолгорочна рецесија, истакна Бишев.

Другите учесниците се задржаа на ефектите во однос на акциите и берзите, реалниот сектор, микроекономијата и слични области.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *