Поради големиот интерес од компаниите и поради обемната документација која се доставува за валидирање до 13 март е пролонгиран рокот за пријавување на обуките за идентификување, документирање и препознавање на претходните знаења на професионалци и градежни работници од градежниот сектор што веќе трае две недели, а го спроведува Стопанската комора на Македонија заедно со Факултетот за електротехника и информациски технологии ФЕИТ и Центарот за образование на возрасни во рамките на проектот „Пазарно ориентирани вештини за одржливо енергетски ефикасно градење – TRAINEE“.
TRAINEE е дел од иницијативата „Build up skills“ на Европската Комисија чија цел е на ниво на Европската Унија да се подобрат вештините и квалифакциите на работните во градежниот сектор за успешно градење на енергетски ефикасни згради. Проектот се спроведува во ЕУ, а земјава е единствена во Западен Балкан и единствена земја-кандидат за членство во ЕУ во која се спроведува веќе четири години.
Во новиот повик ќе биде спроведено евалуирање на знаењата, вештините и компетенциите за девет занимања со вештини за имплемнтација на мерки за енергетска ефикасност и тоа: инсталатери на електрични инсталации, инсталатери за системи за греењ и ладење, фасадери, покривопокривачи, столари, инсталатери на сончеви топлински колекторски системи, инсталатери на фотоволтаични системи, како и за инженери кои поседуваат знаење и компетенции да проектираат и дизајнираат сончеви топлински колекторски системи и фотоволтаични системи. Пријавувањето може да се направи и за повеќе од едно занимање, а етални упатства за пријавување има во повикот кој е објавен на веб-страницата на проектот. Сертификатите што ќе ги добијат се признаени во Европската Унија.
-Веќе има доволен број на пријавени, меѓутоа интересот на компаниите е голем и пролонгирањето на рокот е во насока што поголем број на компании да се стекнат со сертифицирани работници. Нашиот број е лимитиран на 350 пријави, но доколку постои интерес ќе најдеме начин да го зголемие тој број, рече координаторот на проектот Јадранка Аризанковска од Стопанската комора на Македонија на денешната прес-конференција.
Таа посочи дека преку минатиот повик во рамки на TRAINEE беа сертифицирани околу 970 градежни работници од околу 200 македонски компании, а во новиот, како што додаде, методологијата за воспоставување на систем за валидирање на претходно знаење и вештини на градежните работници е надградена и за професионалците во градежниот сектор (инженери и архитекти).
Професорката на ФЕИТ Лихнида Стојановска Георгивеска прецизира дека пријавувањето течело по електронски пат, но и преку доставување на апликации во печатена форма преку компаниите и преку Стопанската комора поради што, додаде, не може точно да се прецизира бројот на пријавени. По електронски пат, посочи, досега се пристигнати 50-тина пријави.
-Во проектот е планирано да се сертифицираат барем по 60 работници од секое од занимањата за градежни работници и 60 инсталатери и инженери за системи за обновливи извори на енергија. Проектот во новиот повик промовира начин на кој има можност да бидат валидирани и сертифицирани веќе постоечките и стекнати знаења и вештини кои професионалците и работниците ги стекнале во текот на своето работно искуство, секојдневниот живот и преку самоучење. Сертификатот им отвора можност да ги вреднуваат своите знаења и вештини и да ги валоризираат на пазарот на труд, а со тоа да се зголеми вредноста на компаниите кои вработуваат квалификувани и серитфицирани кадри, рече Стојановска Георгиевска.
Претседателот на Здружението на енергетика при Стопанската комора на Македонија Ристо Јаневски посочи дека обучениот кадар во рамки на проектот ќе биде вклучен во различни проекти од енергетската ефикасност и во проекти за изградба на обновливи извори на енергија.
Досега, како што кажа веќе се сертифицирани 70 инсталатери и дизјанери за сончеви колектори и фотоволтаици.
-Целта ни е да го продолжиме процесот на сертифицирање преку Центарот за менаџирање на знаења и вештини што е оформен во рамки на проектот преку неформалната обука и преку постапката за препознавање на веќе стекнати вештини кои не се официјално признаени, рече Јаневски.
Во одговор на прашање посочи дека инвестициите и проектите се главен мотиватор за некој да остане во земјава и да работи.
-Ако има проекти и инвестиции и доколку нешто тука се создава нормално е дека ќе останат работниците. Во текот на минатата година некои такви движења се појавија, а очекуваме годинава да имаме и практична реализација на проектите. Со овој проект не можеме да го спречиме иселувањето, но можеме да помогнеме работниците да се доквалификуваат и сертифицираат и дабидат вклучени во проектите. Секогаш е добро да има квалификувана работна сила и не смее да се запре со квалификацијата ако има наплив на луѓе што сакаат да си одат од земјава, рече Јаневски и додаде дека сертифицирањето на работниците е неопходно за добивање јавни тендери од Европската Унија.
This article was a fantastic blend of information and entertainment. It really got me thinking. Let’s discuss further. Click on my nickname for more thought-provoking content!