Околу 2.500 правни субјекти треба до 31 март да излезат на слободниот пазарна електрична енергија. Станува збор главно за јавни претпријатија во државна сопственост и во сопственост на општините кои до овој рок треба да изберат снабдувач на електрична енергија.
Со цел да им се помогне на овие претпријатија околу постапката за јавна набавка, Регулаторната комисија за енергетика изработи верзија која е достапна на веб страната на РКЕ. Тие уште еднаш ќе бидат информирани за обврската, а РКЕ ќе отвори и посебна маил адреса на која ќе одговара за сите нејаснотии околу постапката.
– Овие потрошувачи сериозно треба да си ја сфатат обврската и во најкус рок да започнат со спроведување на јавните набавки затоа што до крајот на март мора да изберат свој снабдувач со електрична енергија. Најголем дел се општини и државни претпријатија, истакна денеска на прес-конференција претседателот на РКЕ Марко Бислимоски.
Една од придобивките што ќе ја имаат општините со излегувањето на слободниот пазар на електрична енергија е што ќе ги намалат трошоците за јавно осветлување бидејќи трошокот за мрежарина е далеку понизок отколку на регулираниот пазар на електрична енергија.
Доколку до 31 март не излезат на слободниот пазар на електрична енергија, постои опасност да бидат исклучени од електродистрибутивната мрежа.
– Законот е јасен. Ги повикуваме да си ја завршат обвсрката. Доколку не завршат со постапките, една од опциите е да бидат исклучени. Имајќи предвид дека голем дел од нив вршат дејност од јавен интерес, ќе разгледуваме начини и доколку сме доведени во таква ситуација, може за минимален период да го продолжиме овој рок, но сакаме сега сите од нив да ги распишат јавните набавки и да ја исполнат обврската што им произлегува од Законот за енергетика, рече Бислимоски.
Една од причините зошто досега овие претпријатија не ја завршиле обврската, според Бислимоски, е тоа што мислат дека се работи за сложена постапка. Од друга страна, пак, како што појасни Бислимоски, има државни претпријатија кои со години работат со загуби и за нив не се заинтересирани снабдувачите на електрична енергија. Дури и да понудат цена во вакви ситуации, таа е повисока од регулираниот пазар на електрична енергија.
Од оваа обврска се изземени градинките, домовите за стари лица и интернатите бидејќи тие се во категорија на потрошувачи домаќинства.
Либерализацијата на пазарот на електрична енергија, според Бислимоски, се одвива успешно и досега 3.718 потрошувачи се излезени на слободниот пазар. Еден од бенефитите се пониските сметки за струја.
Wonderful insights! The way you break down the complexities is commendable. For additional information on this topic, I recommend visiting: EXPLORE FURTHER. Keen to hear more opinions from the community!