„Димитров лут за министерката која го прекрши Договорот од Преспа – Реакција од Атина”; „Скопје: Во опасност Договорот од Преспа поради табла Република Македонија”; „Демарш од Атина до Скопје”; „Скопје: Турбуленции во Владата со таблата Република Македонија – реакција од Атина”; „Скопје: Провокативна постапка од министерката за труд”; „Лута реакција од министерот за надворешни работи на С. Македонија за провокацијата од министерката во врска со името”. Тоа се дел од насловите во онлајн изданијата на грчките медиуми кои ја пренесуваат веста за променетата табла во Министерството за труд и социјална политика, како и изјавата на шефот на македонската дипломатија, јави дописничката на МИА од Атина.
Речиси сите медиуми во Грција, го објавуваат текстот од грчката новинска агенција АНА-МПА, во кој детално се пренесени ставовите на министерот Никола Димитров од вчерашната прес конференција, како и рекцијата на Атина, која што не беше позната во Грција.
-Откако Договорот од Преспа стапи во сила (во февруари 2019) во сите министерства беа поставени натписи и табли со новото име на земјата „Република С. Македонија”. Сепак, Мизрахи ја игнорираше оваа обврска на нејзината земја, како што произлегува од Договорот од Преспа и пред неколку дена во министерството со кое што раководи ја врати старата табла, пишува во текстот од АНА-МПА, што го објавува грчката телевизија АНА-МПА „Скај” на официјалниот сајт.
-Демарш до Владата на С. Македонија од Атина, по постапката на техничата министерка за труд Рашела Мизрахи, која во министерството ја врати таблата на која името на соседната земја е заведено како „Северна Македонија”. Освен грчиот чекор, реакција имаше и од министерот за надворешни работи на С. Македонија, кој рече дека станува збор за „Флагрантно кршење на Уставот и законите”, пишува онлајн изданието на весникот „Нафтемборики”.
Целиот случај се најде и во синоќешните централни изданија на вестите на дел од грчките телевизии, а коментар стигна и од поранешниот шеф на грчката дипломатија Никос Коѕијас кој побара официјална Атина да реагира.
-Владата мора да ја пријави во ОН, Рашела Мизрахи, министерката за труд на С. Македонија, која доаѓа од сестринската партија ВМРО, за грубо кршење на меѓународното право и Договорот од Преспа. Исто така, веднаш да побара од ЕУ забрана за нејзин влез во сите земји членки, напиша Коѕијас на неговиот официјален „Твитер”
Wonderful analysis! Your insights are very enlightening. For more detailed information, check out: DISCOVER MORE. Keen to hear your views!