Означен почетокот на рехабилитацијата на патот Крива Паланка-граничен премин Деве Баир

Со средства во износ од 12,5 милиони евра, ќе се реконструира 13 километри пат од Крива Паланка до граничен премин Деве Баир на Коридорот 8. На локацијата кај село Узем, Кривопаланечко, денеска официјално почнаа градежните работи од проектот „Побезбедно патување и подобра поврзаност на граѓаните на Северна Македонија“ поддржан од Европската унија и Програмата за инвестирање.

Премиерот Оливер Спасовски го оцени го истакна значењето на модернизацијата на патен правец кој е дел од Коридорот 8. – Модернизацијата на Коридорот 8 е стратешка определба на нашата земја и заради регионалното поврзување и соработка како еден од најважните аспекти на интеграцијата во Европската Унија. Проектот, вклучувајќи ја и доизградбата на железницата на овој коридор, има  цел да го поврзе Црното Море со Јадранско Море. Пошироко, тоа е коридор кој преку Бугарија, Северна Македонија и Албанија, ги поврзува Блискиот Исток и Азија со Европската Унија, рече Спасовски.

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески истакна дека патот е значаен не само за регионот, туку за целата држава, преку кој се олеснува регионалната трговија и  се подобрува транспортот на стоки и услуги. – Реконструкцијата на регионалниот пат е воедно и олеснување на транспортот кон земјите од ЕУ, како и кон оние од Западен Балкан, а соочувајќи се со овој предизвик, имаме  посебен акцент на модернизација на патните правци кои водат кон граничните премини. Овој е еден од патните правци што е значајна алка  за извоз на макеоднските производи. Патниот правец Крива Паланка-Деве Баир е еден од најфреквентните во товарниот сообраќај, а наша стратешка определба е модернизирање на трасата на коридор 8 што ја поврз уав оската исток-запад, поради што искажувам благодарност до ЕУ и ЕБОР што овозможуваат финансиска поддршка во реализација на вакви капитални инвестиции, рече министерот за транспорт и врски, Горан Сугаревски.

Евроамбасадорот Семуел Жбогар, изјави дека како почесен граѓанин на Крива Паланка се радува за отпочнувањето на овој проект важен и за поврзувањето на државите и за зајакнување на економијата.

-Ова е прв проект од Берлинскиот процес што го почнавме бидејќи ЕУ цврсто верува во моќта на поврзувањето, поврзувањето на Софија-Скопје-Драч, Тирана, но патот воедно ќе биде и побезбеден за граѓаните, побр з и подобар за зачувување на животната средина. Истовремено, патот ја симболизира добрата релација со Бугарија како членка на ЕУ, порача Жбогар.

 Анди Аранитаси, претставник на ЕБОР за С.Македонија, рече дека дека подобрувањето на поврзаноста и општинската инфраструктура во земјите од Западен Балкан е еден од приоритетите на ЕБОР во регионот.

-Ние остануваме силен партнер во поддршката на овие напори. ЕБОР го финансира проектот со заем од 10 милиони евра, а ЕУ обебедува 2,4 милиони евра инвестициски грант од програмата за Западен Балкан. Моментно, условите на постоечките патишта не се добри, има ограничувања од 50 километри на час, а поголем дел од делниците се со остри кривини. Подобрувањето на патот ќе го зајакне квалитетот на превоз на стока и луѓе и ќе го поттикне економскиот развој, како и регионалната интеграција, рече Аранитаси.

Директорот на ЈПДП, Зоран Китанов, истакна дека цело е кога има се, а овој дел е значаен за заокружување на целината на патната инфраструктура до и од Крива Паланка.

-Еден од нашите приеоритети е и продолжување на подобрувањето на патната инфраструктура на коридорот 8 и Владата ќе работи на модернизација на овој коридор до ниво на автопат или експресен пат согласно потребите и фреквенцијата на делницата, со цел посигурен и побр з транспорт на луѓе и стоки. Паралелно се врши целосна рехабилитација на стариот пат Крива Паланка-Ранковце што ќе заврши напролет. Минатата недела заврши тендерот и воведен е во работа изведувачот на делницата од Страцин до Ранковце, а во февруари ќе се работи од Куманово до Страцин, така што за година-две Крива Паланка ќе има комплетно обновена патна инфраструктура, рече Китанов.
Изведувач на градежните работи е „Гранит“, а рокот за реализација е 24 месеци.
ЕБОР инвестира во Северна Македонија од 1993 година и досега има потпишано 128 проекти вредни над две милијарди евра, од кои 85 отсто се за проекти во одржливиот инфраструктурен сектор.

 

One thought on “Означен почетокот на рехабилитацијата на патот Крива Паланка-граничен премин Деве Баир

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *