Шарпланинските села блокирани од снегот, општина Тетово тврди дека патиштата се проодни

Жителите на шарпланинските села Вејце и Селце изразуваат незадоволство од тоа како се интервенира во расчситување на снегот до овие рурални места на висока надморска височина. Тие велат дека дел од патиштата воопшто не се исчистени од снег, а поради тоа сообраќајот не може да се одвива. На социјалните медиуми објавуваат фотографии и видеа за состојбата во нивните села.

-Околу 1500 жители на селата Вејце општина Тетово, изолирани од снег, не се преземени мерки за чистење на патиштата. Апелираме до општина Тетово итно да излезе на терен и да го расчисти патот, затоа што има болни деца и стари лица кои имаат медицински потреби и не можат да се одат кон градот, велат од месната заедница на Вејце.

Од општина Тетово соопштуваат дека од средата навечер со почетокот на снежните врнежи на нивна територија, издаден е налог до фирмата која се грижи за одржување на патиштата веднаш да започне со интервенција и чистење на снегот. Се интервенираше со расчистување на снегот со механизација но и со и фрлање сол и песок по патиштата, велат од општината.

-Првично во планинските села како с.Ѓермо, Лавце , Селце и Вејце, а исто така се интервенираше во текот на ноќта и на патот до Попова Шапка, вклучувајќи ги и селата Расадиште, Гајре, Лисец, но и во селата Шипковица, Бродец, Вешала и Бозовце. Со механизација се работеше во текот на целата ноќ, а во раните утрински часови се прејде на расчистување на улиците низ градот така што во моментов имаме стабилна состојба на патиштата низ планинските села но и во градот каде сообраќајот се реализира стабилно и непречено, информираат од општина Тетово.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *