Кавадарци потпиша меморандум за соработка со Архитектонскиот факултет

Општина Кавадарци денеска потпиша меморандум за соработка со Архитектонскиот факултет. Со Меморандумот, целокупниот капацитет на факултетот ќе биде вклучен во давањето идеи за надминување на одредени проблеми во општината.

Меморандумот го потпишаа градоначалникот Митко Јанчев и деканот на Архитектонскиот факултет Огнен Марина.

– Нашите стручни служби и кавадарчани ќе можат да даваат предлози за одредени решенија, а предлозите можат да доаѓаат и од самиот факултет. Освен деканот, гости ни се и професори и стотина студенти кои преку проекти ни ја презентираа нивната визија за надминување на некои проблеми во нашиот град. Во таа визија е вклучен и градскиот плоштад, предвидено е и зазеленување, разубавување и нови содржини. Потенцијалот на факултетот е немерлив и од него многу можеме да добиеме за подобро Кавадарци, истакна градоначалникот Јанчев.

Деканот Марина нагласи дека студенските проекти се базирани на сериозни анализи и истражувања и додаде дека Кавадарци како град секогаш е во фокусот на архитектите и планерите.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *