Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе престојува во официјална посета на Република Полска.
Во Варшава, Пендаровски со највисоки државни и воени почести, како што е најавено, ќе биде пречекан од претседателот на Република Полска, Анджеј Дуда, а ќе има и билатерални средби со маршалот на Сејмот, Елжбијета Витек, и со маршалот на Сенатот, Томаж Гроцки.
Предвидено е претседателот Пендаровски да оствари средба со истакнати слависти и македонисти, кои живеат и работат во Полска.
За време на официјалната посета на Република Полска, претседателот Пендаровски ќе биде придружуван од сопругата Елизабета Ѓоргиевска.
This piece was both insightful and entertaining! For additional info, visit: FIND OUT MORE. What do others think?