Прилеп не е загадена општина, се работи на енергетската ефикасност

Прилеп се смета за незагаден град. Главни причини се мерните станици кои ја покажуваат објективната ситуација и мерките за енергетска ефикасност во институциите, констатираа локалните власти со заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули. Претставниците беа во обиколка на прилепските институции да се уверат во тоа: во детските градински, во прилепскиот дом за стар и лица „Киро Крстески Платник“.

Според прилепскиот градоначалник Илија Јованоски во Прилеп нема загадување, пробните мерни станици не покажуваат отстапувања.

– Шесте пробни мерни станици за загаденоста на воздухот и онаа мерна станица поставена на зградата на општината се во функција. Во моментов ги мериме сите парметри и до шестиот месец годинава ќе се споредуваат параметрите. Тогаш ќе донесеме дали мерните станици кои се на пробна работа, се добри. Според податоците нема загадување во Прилеп. Мерењата покажуваат 10 ПМ честички што е далеку под просечното и критичното ниво, зашто до 40 ПМ честички во воздухот е дозволено. ќе направиме споредба со шесте мерни станици, но убеденсум дека Прилеп не е загаден град, изјави Јованоски.

За Јованоски битни се мерките за енергетска ефикаснопст во институциите. Одвоени се општински средства  за еко-ефикасност.

– За намалување на аерозагадувањето се две владини мерки: енергетска ефикасност и промовирање машини и опрема за подобрувањето на животната средина во општините.  За првиот оглас, општината конкурираше: котларница во прилепската гимназија „Мирче Ацев“, за што се одобрија средства од 5,4 милиона денари и 13 инвертер-системи во средните училиште „Орде Чопела“ и „Ѓорче Петров“ како и во детските градинки „Наша Иднина“. Вториот проект беше за промената на дограмата во старскиот дом „Киро Крстески Платник“, инвестиција од 3,5 милиони денари, како и во некои од детските градинки во Прилеп. Исто така, прилепските детски градинки добија седум прочистувачи на воздухот. Во рамките на заштитата на животната средина лани ги пуштивме во упореба четирите еко-автобуси на метан во градскиот превоз. Годинава, општинскиот совет одвои 6 милиона денари за подобрувањето на животната средина. Имено, 4 милиона денари се одвоени за субвенционирање на инвертер-системи за околу 400 семејства каде општината ќе субвенционира по 10.000 денари за секое семејство, а 2 милиона денари се субвенции за набавка на велосипеди. Во тек е одредувањето критериуми за граѓаните кои тгреба да ги добијат субвенциите, објаснува Јованоски.

Инаку, примарната гасификација во Прилеп е во тек на изведба и до крајот на оваа годиа ќе заврши. В година, според владиниот проект ќе се прави секундарната мрежа. Прилеп е во фаза на изведба на роектот за секундарна инфраструктура кој е во должина од 20 километри во градот. Идејниот проект и проектот за инфраструктурата се направени. Во тек е постапката за основниот проект за тие 20 километри гасоводна секундарна мрежа.

За заменик-мнистерот за животна средина Јани Макрадули, Прилеп е една од ретките општини со програма за енергетска ефикасност што е во програмата на Министерството за животна средина за чист воздух.

– Прилеп доби околу 9,5 милиона денари за енергетска ефикасност на повеќе објекти. Ова значи штедење на пари и на ПМ честички во воздухот. Сите податоци покажуват дека инвестициите во енергетската ефикасност носат заштеди од 25 до 30 проценти, а да не говориме во заштедата при промената на форивото за зтоплување на институциите. Нема друг начин да се справиме со аеро загадувањето, освен со елиминирањето на изворите, рече Макрадули.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *