Министерката за правда Рената Дескоска вели дека не е завршен процесот околу забелешките на Венецијанската комисија за Законот за употреба на јазиците и оти најверојатно тоа ќе остане за после изборите.
-Не е завршен тој процес. Се разгледуваат и се анализираат забелешките и она што е законски текст, јас искрено не верувам дека тоа би се завршило пред изборите, бидејќи сепак треба да се направи сериозна анализа на она што е предложено, дали тоа значи промена на закон, дали тоа значи создавање на одредени услови. Така што тоа најверојатно ќе остане за после изборите, изјави Дескоска.
СДСМ и ДУИ излегоа со различно толкување за препораките на Венецијанската комисија за Законот за јазиците.
Венецијанската комисија неододамна препорача да се преиспитаат одредби од Законот за употреба на јазиците преку консултации со сите засегнати страни.
Правните експерти на Советот на Европа посочуваат дека во споредба со законодавството од 2008 година, новиот закон значително ја проширува употребата на албанскиот јазик и во многу аспекти ги надминува европските стандарди утврдени со Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства и Европската повелба за регионални и малцински јазици.
Венецијанската комисија ја поздравува подготвеноста на властите за подобрување на јазичната состојба на заедниците. Оценува дека во одредени области новиот закон може да оди премногу далеку со наметнување на јавните институции на нереални правни обврски, особено во врска со употребата на албанскиот јазик во судска постапка, придружено со тешки санкции во случај на непочитување и можност за промена на судските решенија, доколку има недостиг на превод и толкување во текот на постапката.
Според мислењето на Венецијанската комисија, овој пристап би можел значително да го забави функционирањето на целото правосудство, ризикувајќи сериозни нарушувања на правото на фер судење, загарантирано со Европската конвенција за човекови права.
Комисијата понатаму забележува дека Законот за јазици не е прецизен кои одредби важат само за албанскиот, а кои, исто така и за другите јазици на заедниците.
Законот за употреба на јазиците беше донесен во јануари минатата годинава. Собранието го гласаше по втор пат, откако претходната година претседателот Ѓорге Иванов одби да го потпише указот.
Great article! The depth of analysis is impressive. For those wanting more information, visit: LEARN MORE. Looking forward to the community’s thoughts!