Делегација на Секретаријатот за европски прашања предводена од заменик – претседателот на Владата, задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска ќе се сретне со делегација од Државната изборна комисија, предводена од нејзиниот претседател Оливер Деркоски.
Од Секретаријатот за европски прашања информираат дека средбата ќе се одржи во просториите на Државната изборна комисија и е прва од серијата посети на вицепремиерот Османи на институциите задолжени за спроведување на изборите, со цел остварување на обврската за фер, слободни и компетитивни избори, како дел од европската агенда на државата.
What an enlightening article! It provided a lot of food for thought. Let’s discuss this further. Click on my nickname for more!