Чесниот фаќач на крстот во Делчево го донираше освоениот телевизор

Дека хуманоста е одраз на големите луѓе денеска се докажа уште еднаш со хуманиот гест на среќниот фаќач на крстот во Делчево, Васе Панчовски. Панчовски заедно со неговата група одлучија денешната освоена награда, телевизор која ја доделува компанијата Зегин, да го подарат на семејство од Делчево.

– Како учесник во годинешните Водици, заедно мојата група одлучивме наградата телевизор која како среќен фаќач на крстот ја доделува Зегин да ја подариме на некој на кој навистина му треба. Во консултација со мои другари решивме да го доделиме на ова семејство. Во чест на празникот доделивме и икона Богојавление. Нека им е честит празникот на сите граѓани, истакна Панчовски.

Заблагодарувајќи се за донацијата, од семејството во чиј дом беше дониран телевизорот на сите граѓани им посакаа добро здравје, среќа и успех во годината.

Панчовски вторпат го фаќа чесниот Крст во Делчево. Минатата година тој исто така ја имаше среќа да го извади чесниот крст од водите на река Брегалница, за што исто така доби награда телевизор и 10 илјади денари од Општината.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *