Не сметам дека донесовме избрзана одлука со распишувањето на предвремените избори по недобивањето датум за почеток на преговорите за членство, туку го направивме вистинскиот потег со цел граѓаните да направат вистински потег со носење на вистинска одлука на изборите, изјави премиерот Оливер Спасовски во интервју за МИА.
– Во Република С. Македонија за овие две и пол години се решија најважните и најтешките прашања. Зборувам стратешки прашања, кои што ги отворија перспективите на оваа држава и на генерациите за во иднина. И врз основа на тоа ние направиве сет на реформски приоритети, коишто ги реализираме се со цел да ја постигнеме целта која е стратешки приоритет, а тоа е и членството во НАТО и во Европската унија. И тоа генерално ни го прознава и Европа и светот, истакна Спасовски.
Тој наведува дека постои констатација од повеќе меѓународни фактори дека земјата направи неверојатен скок од тоа што од заробена држава во 2016 година, денеска сме земја на прагот на Европската Унија.
– Ние како политичка структура, како Влада секогаш сме се воделе од гласот на граѓаните… Затоа сметавме дека после ваквата одлука, за која дури и самата Европска Унија констатираше дека е стратешка грешка, треба да го вратиме мандатот кај граѓаните и од граѓаните да побараме да ја донесат одлуката која е само во нивни раце, а тоа е како ја гледаат Република С. Македонија во наредниот период. Кој е патот по којшто треба да се движи Република С. Македонија и што е тоа што треба да направиме се со цел да ги оствариме сите наши стратешки интереси. Јас во тој дел сметам дека го направивме вистинскиот потег, а сум длабоко убеден дека граѓаните на С. Македонија ќе го направат вистинскиот потег со носење на вистинска одлука на изборите, потенцира Спасовски.
Во врска со очекувањата за одлука на Европскиот совет за почеток на преговорите за членство со земјава, премиерот потенцира дека „ние и понатаму ќе продолжиме да и даваме аргументи на ЕУ дека цврсто стоиме на патот за кој што се определивме и дека нашиот стратешки интерес за членство во Европската унија нема никаква алтернатива“.
– Носењето на одлуката за преговори со Република С. Македонија е јасна порака, огромна поддршка за граѓаните, меѓутоа и јасна порака за целиот регион, наведува Спасовски.
Во интервјуто премиерот Спасовски нагласи дека усвојувањето на Законот за јавно обвинителство од сегашниот парламентарен состав не е услов за добивање одлука за старт на преговорите, но дека неговото донесување ќе биде сериозна препорака за Европскиот совет дека навистина имаме сериозен напредок.
Премиерот во интервјуто говори и за улогата и функционирањето на техничката Влада, за средбата со вселенскиот патријарх Вартоломеј и за очекувањата од претстојните избори.
Very informative article! I appreciate the depth of analysis. If you want to delve deeper, here’s a helpful resource: EXPLORE FURTHER. Eager to hear everyone’s thoughts!