Членовите на здружението на стечајни работници „Унит“ од Куманово се задоволни од усвоените измени и дополнувања на Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата во доминантна државна сопственост, односно од измените на Законот за стечајци.
-Очекуваме од Куманово да бидат опфатени уште 500 стечајци од поранешните „Кожара“, „Киро Фетак“, „Чик“, „Житомел,„ЗИК“, неколку градежни фирми. Месечниот надоместок од 8.000 денари е значаен за оваа категорија граѓани за основни потреби, храна, лекови, изјави Лилјана Ѓеоргиевска, претседателка на „УНИТ“.
Со измените се предвидува на ниво на државата да бидат опфатени дополнителни 1.000 стечајци.
-Останува уште една мала група на стечајци кои немаат 15 години стаж, но се надеваме дека по завршување на изборите ќе се реши и нивното прашање, рече Ѓеоргиевска.
Тие кои ги исполнуваат условите ќе треба да поднесат барање за остварување на ова право до Центрите за вработување.
Great write-up! The points discussed are highly relevant. For those wanting to explore more, this link is helpful: FIND OUT MORE. What are your thoughts?