Доделени наградите за најдобрите штипски спортисти и спортски работници

Каратистот Емил Павлов петти пат го доби признанието најдобар спортист на општина Штип. Наградата му ја врачи градоначалникот на Штип, Благој Бочварски на традиционалната манифестација „Спортист на годината“. Павлов вели дека 2019 година беше успешна година, освојувањи го бронзениот медал на европското првенство во Шпанија, а на крајот од 2019 година ја освои премиер лицата во Москва.

-Овие резултати придонесоа по петти пат да бидам најдобар спортист на град Штип. Ова е и една голема мотивација за мене да продолжам со макотрпна работа и наредните првенства да го претставам градот и државата во најдобро светло, пред мене е една од најважните години и сезона во мојата кариера. Сите знаеме дека ова е олимписка година, вели Павлов.

Тој забележа дека за да обезбеди картата за Олимпијадата во Токио мора да помине уште неколку првенства и турнири.

Жарко Арсовски ја доби наградата за најдобар селектор. Според него 2019 година е успешна за македонскиот спорт и карате.

-Имавме бронза на европското првенство за Емил Павлов, Драган Ефтимовски трето место на Балканско првенство, Глигор Хаџи Кимов второ место на Балканско првенство. Многу резултати и ми е задоволство што ја добив оваа награда, вели Арсовски.

Најдобри наставници во основното и средно образование се прогласени Ѕвонко Рунчев и Новит Здравев. Рунчев на доделувањето на признанието истакна дека ова за нив претставува мотивација, за да и наредните години продолжат, но и да се вложат повеќе средства во талентираните ученици, кои се наптреваруваат во повеќе спортови во училишниот спорт.

Новинарот, Драги Герасимов го доби признанието за најдобар спортски новинар вели дека ова му е посебно мило признание.

-Ова признание колку е мое, а 90 посто е заслуга на сите овие спортисти, преку информирањето за нивните резултати и успеси и еве јас дојдов до вакво признание, вели Герасимов.

Публиката со громогласен спортски аплауз му даде почит на Трајче Тасевски, кој постхумно е награден за неговиот придонес во одбојката.

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочаврски во свето обраќање истакна дека личните и колективни успеси на спортистите се огледало на градот Штип.

-Оваа година заслужено наградата „Спортист на годината“ оди во рацете на нашиот каратист Емил Павлов. Емил Павлов е двократен европски првак, несомнено најдобар во нашата држава, а изминатата 2019 година е и освојувач на Премиер лигата која се одржа во Москва.Напорната работа, борбеноста, ентузијазмот и енергијата се секогаш вистинската формула за успех, рече Бочварски.

Тој најави дека во текот на 2020 година ќе има големи инвестиции во спортот, а меѓу кои и почеток на реконструкцијата на Градскиот стадион.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *