Општина Кичево ги згрижи 30. загрозени семејства од поплавите

Сите 30 загрозени семејства од поплавените куќи во Кичево се згрижени во спортската сала Иванидол, каде добија храна, облека и хигиенски средства, како и здравствена заштита, иформира Емин Насуфи од општина Кичево.

Тој потврди дека по обиколката на загрозените куќи е констатирано дека биле поплавени вкупно 122 куќи.

 

Загрозените семества, како што посочи, биле згрижени со ангажирање на градоначалникот на Кичево Фатмир Дехари заедно со директорот на Центарот за социјална заштита Дашмир Лимани, поддржани од Црвениот крст Кичево и Општинскиот штаб за кризи.

Во моментов механизацијата на ЈП Комуналец работи на теренот за што е можно побрзо да се повлече водата од поплавените подрачја.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *