Претседателот на Македонското друштво „Илинден“ Ѓурѓај на форум во Германија

Претседателот на Македонското друштво „Илинден“ со седиште во Тирана Никола Ѓурѓај учествуваше на форумот „Политика и медиуми за малцинства, информации, мрежа, комуникација“, кој изминатите два дена се одржа во Берлин во организација на  Федералната унија на европските националности (ФУЕН).

– На форумот учествуваа повеќе од 100 претставници на повеќе од 30 малцинства од 20 земји во Европа, како и на компании и медиуми. Се дискутираше и се разменија искуства на претставници на малциствата од цела Европа. Целта беше да се комбинира и промовира вмрежувањето на класичните печатени медиуми, како и развојот на онлајн-медиумите на малцинствата или етнички групи во Европа, изјави Ѓурѓај за МИА.

Ѓурѓај, кој е и уредник на весникот „Илинден“ единствен печатен весник на македонски јазик во Албанија, на маргините на форумот остварил средби со уредници на повеќе печатени и електронски медуми на малцинствата во повеќе земји.

Македонско друштво „Илинден” е рамноправен член на ФУЕН од мај 2015 година, кога за тоа беше донесена едногласна одлука од страна на Генералното собрание на асоцијацијата. Друштвото „Илинден“ е единствено друштво на Македонци надвор од матичната држава, во Европа, што е член на ФУЕН.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *