Околу 500 деца од повеќе краишта на земјава денеска традиционално се дружеа и ги испратија своите пораки од Божиќниот ручек во Прилеп. Оваа традиција се одржува по 14-ти пат во организација ан Детската амбасада за сите деца во светот.
Александра Северкоска Стојаноски, извршен директор на невладината Детска амбасада за сите деца во светот нагласува дека манифестацијата се одржува под мотото „Едно енбо за сите деца“
-На овој Божиќен ручек што го организираме по 14-ти пат се околу 500 деца од повеќе градови од земјава: Од Скопје, Тетово, Битола, Струмица, од Крушево, Прилеп. Децата се од повеќе целни групи и поканети се и од сите верзски заедници под мотото „Едно небо за сите деца“. Пораката е да нема недоразбирње, насилство меѓу децата, да има толеранција, љубов и разбирање. Оваа година носител на Орденот на мирот што го доделува детската амбасада е фирмата „Доктор Пановски“, а плакета за пријател на децата му е доделена на прилепскиот градоначалник Илија Јованоски, изјави Северкоска Стојаноски.
Прилепскиот градоначалник Илија Јованоски, кој на децата им подели новогодишни пакетчиња вели дека и возрасните треба да ги прифатат начелата и пораките на децата.
-Овој ден е голем за сите, посебно е битен за децата. Покажува радост, љубов, взаемно почитување. Така треба да биде помеѓу сите граѓани и во општеството да се вклопиме со меѓусебни толеранција, разбирање и верба, рече Јованоски.
Владиката Петар, кој го благослови Божикниот ручек вели дека ако ги профатиме толернцијата, љубовта и разбирањето што ни ги даваат децата, ќе може да ги спасиме општеството и татковината.
-Децата се нашата иднина, нашата радост. И токму денеска чувствуваме дека, ако се угледаме на децата, на нивниот пример како образец на љубовта, на трпението, толеранцијата, на дружењето, може да се спаси човечкиот род, зашто никој од нас не може да се обединеме како што тоа го можат децата. Затоа да се угледаме на нив. децата ни ја праќаат пораката за обединување, да се чувствуваме како едно без разлика на возраста, на верската определба, на личните определби за до спасиме нашето општество, Татковината, па би рекол, и нашата света црква, порача владиката Петар.
Голем број деца дојдоа првпат на Божиќниот ручек.
Јана од Скопје првпат е на Божижниот ручек со желби сите да се здрави и весели.
-Првпат учествувам на Божижниот ручек. Убаво е, деца има отсекаде. Дојдени сме да се дружиме и сите да сме здрави, весели и среќни, вели Јана
И Стефани со своите другари првпат доаѓаат од ОУ „Лирија“ од Тетово.
-Убаво е и сите да бидеме весели и да имаме успеси цела година, порачува Стефани
-На сите сакам да им го честитам Божик и многу здравје, да се дружиме и да бидеме велеи, вели Давид Ќиров од Тетово.
За убавата, Божиќна, весела атмосфера се погрижи прилепското танцово студио „Зодијак“.