Одличната посетеност на Охрид за новогодишната ноќ локалната самоуправа ќе се обиде да ја продолжи и за претстојните божикни празници, но и за православната Нова година и за Водици, со разни манифестации и музичко-забавна програма.
До празникот Свети Јован Крстител, на 20 јануари, во градот секојдневно ќе се одржуваат и различни културно-забавни содржини, како на плоштадот така и кај лизгалиштето на мраз поставено во непосредна близина, на кејот „Македонија“.
Согласно програмата насловена „Охрид Ве очекува“, вечерва на градскот плоштад ќе настапува српскиот музичар и уметник Марко Луис. На сцената поставена на плоштадот уште е предвидено целовечерна забава на 5 јануари со ди-џеј Ванчо, како и џез, соул и фанк концерт на Владимир Василевски – Четкар на 11 јануари. Кулминацијата на програмата е на 18 јануари спроти Водици, со концертот на познатата хрватска музичка ѕвезда Петар Грашо. За Денот на рибарите – 20 јануари сцената на Градскиот плоштад е резервирана за македонската фолк-ѕвезда Миле Кузманоски.
Охридските хотелиери и угостители исто така за празничните денови ќе нудат поволни аранжмани, како и посебна понуда, како гастрономска така и музичка, со со цел што позадоволни гости кои ќе решат некои од овие празнични денови да ги минат токму во Охрид и на охридската ривиера.
Што се однесува на посетеноста, самите хотелиери посочуваат зголемен интерес на странските гости за божикните празници потврдено со бројот резервации и закупени капацитети. Како и за новогодишните, така и за божикните празници најголем број од странските гости ќе бидат оние од соседните држави.
An excellent article that kept me engaged from start to finish! The blend of facts and storytelling was spot on. Im excited to discuss this further with anyone interested. Click on my nickname if youd like to explore more related content and discussions!