Градоначалничката Петровска честиташе на родителите на прво роденото бебе Евгенија

Градоначалничката Наташа Петровска точно напладне ја посети ЈЗУ Клиничка Болница-Битола, а во Одделението за гинекологија и акушерство честиташе на мајката која пет минути по полноќ на свет го донесе своето првороденче, женско бебе Евгенија.

Петровска оствари средба и со дежурната лекарска екипа предводена од раководителот д-р Елизабета Чипуровска, како и со друг медицински персонал кој новогодишната ноќ ја мина на работно место.

-Нема поголема радост од радоста за нов живот, пет минути после полноќ го имаме  првото женско бебе Евгенија, која донесе радост на сите. Нека е здрава и жива, да и се радуват во семејството,  да има спокоен живот, да ни израсне во голем човек и со неа да се гордееме како битолчани. Честитки и до екипата која што се вложи да го имаме овој радосен момент и годинава нека ни биде бериќетна на сите, истакна градоначалничката Петровска и на мајката Анита и додели ваучер во вредност од 20.000 денари.

Инаку, најголем дел од битолчани Нова година ја дочекаа на плоштадот „Магнолија“ каде локалната самоуправа приреди организирана забавно-музичка програма и спектакуларен огномет.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *