Во Прилеп првороденото бебе во 2020-та е машко

Машко е првото бебе што се роди годинава во Прилеп, во Градската болница рано изутрината во 2:35 часот.

Ова и е трето дете на мајката Весна Стојкоска.

-Многу сум среќна и ова е најубавиот подарок во Новата година. При породувањето се помина во добар ред. Бебето и јас се чувствуваме добро, изјави Стојкоска.

Во прилепската болница едно по друго во првите часови се родија две машки деца.

-Во првите чесови од Новата 2020 година сме побогати со две деца. Двете се машки и со тежина од по 3 630 грама. Во одлична состојба се, и бебињата и мајките, рече д-р Изабела Чочева Талеска.

Првото бебе во Новата година од Општината доби штедна книшка со 15 000 денари и подароци.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *