Релативно спокојна новогодишната ноќ во Охрид, најмногу работа за Службата за итна медицинска помош

Новогодишната ноќ во Охрид генерално мина спокојно и мирно. Според бројот повици и интервенции најмирно минаа пожарникарите, а најмногу работа имаше за вработените во Службата за итна медицинска помош.

Полицискиот рапорт за „најлудата ноќ“ без пријави за какви било проблеми. На територијата под ингеренции на СВР – Охрид што ги зафаќа општините Охрид, Струга, Кичево, Вевчани и Дебар, ноќта минала мирно, а ситуацијата според полицискиот извештај е проценета за безбедносно стабилна. Во текот на ноќта не се регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир и нема случени сообраќајни незгоди.

Територијалната противпожарна служба дежурството го мина аплолутно мирно без ниту една интервенција, што според нив се должи на внимателниот однос на граѓаните и свесноста за опасностите при ракување со отворен оган и пиротехнички средства.

За разлика од нив, полни раце работа за екипите на Службата за итна медицинска помош. Тие примале пациенти и повици во текот на целата ноќ, интеревенирале и на терен. Најмногу од интервенциите се однесувале на претерано консумирање алкохол, како и повреди настанати во пијанство. Службата работи со неколку екипи, а дел од нив ноќеска вршеле и транспорт на покритични случаи за Скопје, така што од Итната медицинска помош се апелира до граѓаните да се воздржуваат од повици без вистинска потреба.

Охрид се уште е без принова во новата 2020 година. Тоа набргу ќе се смени оттаму што во првиот ден од новата година на Одделението за гинекологија и акушерство при Општата болница со претпородилни трудови се примени две идни родилки.

Инаку, што е однесува на забавата и дочекот на Новата 2020 година, во Охрид без исклучок беше весело, како по угостителските објекти и хотелите така и во рестораните и клубовите. Ниските температури во текот на ноќта не ги спречи дел од охриѓани и некои од гостите Новата година да ја дочекаат на Градскиот плоштад каде имаше организиран дочек со забава и огномет.

Инаку, градот е полн со гости, а сончевото време во текот на денот ги наполни терасите на охридските кафулиња и ресторани. Како понуда за забава тука е и од вчера отвореното лизгалиште на мраз, да донесе барем малку зимски амбиент за време на овие новогодишни празници што минуват без снег.

 

One thought on “Релативно спокојна новогодишната ноќ во Охрид, најмногу работа за Службата за итна медицинска помош

  1. Very insightful piece! Its always refreshing to see such well-researched articles. I’d love to discuss this topic further with anyone interested. Check out my profile for more engaging discussions.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *