Прилепски „Комуналец“ со автоматска преса за отпадоци

Прилепски „Комуналец“ набави и денеска официјално ја пушти во употреба автоматската преса за пресирање и балирање на сите видови хартија, картон, за отпадот од графичката индустрија и отпадните материјали од индустријата, воопшто, како и за лименки, шишиња кои може да се балираат.

Престата која чини  три милиона и 690 илјади денари, „Комуналец“ ја набави со средства од проектот „БИО – РЕАЛ“, од програмата на Европска Унија Интеррег – ИПА за прекугранична соработка со Грција.

Со автоматската преса се обезбедуваат најрационално искористување на транспортните средства и на просторот за складирање, а заштедата во транспорт ќе придонесе поголема финасиска корист од продажбата на отпадните материјали.

Ирена Станкоска, в.д дирктор на прилепски „Комуналец“ смета дека се зголемуваат продуктивноста и еколошкото работење на претпријатието.

– Пресата ја пуштаме во официјална употреба иако имаше деновиве период на пробна работа. Ќе ни помогне многу во функционалното работење. Продуктивноста ќе ја подигнеме на повисоко ниво и ќе одговориме на предизвиците и на потребите и барањата за селекцијата на отпадот. Во споредба со другите градови, Прилеп е сѐ уште лидер во селекцијата на отпадот, а и во продажбата на селектираниот отпад кој е 1 200 тона годишно, рече Станкоска.

Диме Велески од прилепски „Комуналец“ посочи дека се пакуваат и се пресираат 100 тони отпад месечно.

– Процесот е подобрен, олеснет, забрзан. Оваа преса може да преработи за еден час околу 4000 килограми отпад. Инаку месечно с еобработуваат 100 тони, од кои 70 насто хартија, 20 насто пластика и 10 насто е обработката на најлонот. Се надеваме дека се селектира 25 насто од вкупниот отпад во градот, вели Велески.

Роберт Миковски од фирмата „Екоклуб“, добавувачите на оваа хидраулична преса со пофалби до прилепското јавно-комунално претпријатие.

– Прилепски „Комуналец“ е едно од подобрите во државава што се справува со отпадот и со неговото пресување. Ова е прва од ваков вид автоматска преса во државава и станува збор за пилот-проект и се надевам дека другите ќе го следат примерот на „Комуналец“, смета Мицковски.

За прилепскиот градоначалник Илија Јованоски, ова е вовед во ново финансирање за комуналното претпријатие.

– Општината продолжува со субвенционирањето на ЈКП „Комуналец“. Во 2020 година ќе бидат одвоени 20 милиона денари за модернизација и осовременување на возниот парк и за сета механизација што му е неопходна на ова јавно комунално претпријатие, рече Јованоски.

Инаку, проектот БИО- РЕАЛ го користат шест партнери: општините Халкидона и Термаикос од Грција, Универзитетот за храна од Солун, ЈКП „Дервен“ од Велес, Општина Свети Николе и прилепски „Комуналец“.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *