Отчет на дебарскиот градоначалник Дука за сработеното во 2019 година

Градоначалникот на Општина Дебар, Хекуран Дука, денеска даде отчет за сработеното во текот на годинава која изминува, а зборуваше и за дел на планираните активности за годината која е пред нас.

-На самиот почеток сакам да нагласам дека даденото ветување дека ќе бидам градоначалнк на сите, без оглед на партиска, национална или верска припадност, на мое голомо задоволство и го реализирав. Тука секако и ветувањата дека мојата работа ќе се заснива на законските одредби и ништо повеќе од тоа. Горд сум што годинава на која и се наѕира крајот, во нашата општина мина мирно без никаков инцидент од безбедносен аспект,рече Дука на средбата на која освен новинари присуствуваа и други зантересирани граѓани и претставници на граѓанскиот сектор.

Презентирајќи ги реализираните актвности тој посебно ги посочи напорите за стабилен општински буџет, како и низата зафати во подобрувањето на условите за живот на граѓаните, како и посветеното внимание во урбанизмот, оразованието, животната средина, Терторијалната противпожарна единица.

-Извршена е реконструкција на патот кон селото Бањиште, каде се лоцирани дел од бањските капацитети, изграден е патот покрај поранешниот земјоделски комбинат „Прогрес“, извршена е замена на покрив на деветолетка и поставени фотоволтични системи во двете деветолетки и гимназијата во градот. Она што секако треба да се нагаси е обновеното улично осветление низ градот, кое не функцонираше подолг периот, а улично освтеление добија и неколку села, посочи меѓу другото дебарскиот градоначалник.

Нагласи дека во 2019 година успеале да ги зголемат платите на вработените во Територијалната противпожарна едница, како и оние во Јавното комунално претпријатие „Стандард“, за кои очекуваат многу набрзо да се надмине и проблемот со здравственото осигурување, поради неплатените придонеси 11 години. И оваа и во текот на следната година проектите кои ги планираме всушност се преточени барања на граѓаните, додаде Дука, наведувајќи неколку од нв.

– Главно се однесуваат на подобрува на патната инфраструкура: реконстукција на патот за село Горно Косоврасти, патот кон селата Селокуќи, Тараник, Спас и Џепиште, како и поплочување на улички во повеќе села. Веќе имаме подготвено проект за реконсрукција на градската депонија за што потребните средства во износ од 10.000 евра се донација, доизградба на анекс објектот на детската градинка. Со донација на наш иселеник во САД ќе биде рализиран проектот за поставување безбедносни камери, во влезот на градот, училиштата, депонијата, и други локации, рече Дука.

Како локална самоуправа, вети тој, ќе продолжиме со поддршка на културни и спортски активности.

Она што посебно го издвои е даденото ветување од страна на министерот за транспорт и врски, Сугаревски, дека Министертвото ќе ја финансира изработката на Генерален урбанистички план што општината го нема.

Во новата година, тој најави зголемена ангажираност на економски план со цел младите да се задржат во родното место.

На крај тој на сите жители им посака среќна Нова 2020 година, многу љубов, почит, разбирање и благодостојба, акцентирајќи ја неговата определба дека и понатаму останува отворен за соработка со сите во интерес на општината и нејзините жители.

Дука за градоначалник беше избран во април на вонредните избори, а претходно неколку месеци беше вршител на должноста по срмтта на дотогашниот градоначалник Ружди Љата.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *