Ски-центар „Нижо Поле“ подготвен за новата скијачка сезона

ЈП „Стрежево”-Битола, кое стопанисува со ски-центар „Ниже Поле“, e подготвенo за новата скијачка сезона, а за љубителите на скијањето набавена е и ски санка.

Според генералниот директор на ЈП „Стрежево“-Битола, Методија Граматковски, ивестирањето во ски центарот е во функција на негова модернизација и обезбедување безбедно скијање.

– Набавивме специјализирана машина за обработка на снег, тапкач на снег,односно ратрак и за прв пат на патеките на нашиот ски центар ќе се појави современа ски санка  со исклучително прецизно управување, која ќе игра многу важна улога во безбедноста на патеките односно елиминирање на ризиците во сите снежни активности на нашите ски патеки. При евентуална повреда на скијач на повисоките предели ќе може безбедно повреденото лице да се пренесе до почетната станица, а од друга страна тапкачот на снег ќе овозможи уредување на патеките и подобрување на условите за скијање, истакна Граматковски.

Модернизирањето на ски-центарот, појасни Граматковски, е логичен потег од континуирано подобрување на условите за скијање.

– Вложуваме максимум согласно можностите во тоа што нашите гости го бараат за оваа сезона. Наша задача е да го изостриме слухот, тие барањa да ги адаптираме најбрзо што можеме, а таму каде можеме, и да ги изненадиме пријатно нашите посетители. Скијалиштето добива нов, поубав и побезбеден облик, а неговата намена е мултифункционална за следните години, нагласи Граматковски.

Во пресрет на скијачката сезона, стручни екипи извршиле годишен преглед и технички преглед на ски лифтовите и се одржуваат, информираа од ЈП „Стрежево“-Битола.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *