Доделени Новогодишни солидарни пакети на болни и изнемоштени пензионери од М.Каменица

Здружението на пензионери и општина Македонска Каменица и годинава ја продолжија традиционалната посета на домовите на изнемоштените и болни пензионери. Во рамки на посетата на 90 лица пензионери кои се ограничени со можноста за движење и присуство на останати настани и манифестации им беа доделени солидарни пакети со прехранбени производи и средства за лична хигиена.

– Здружението на пензионери е една од најактивните организации во нашата општина и доста активно здружение на пензионери во целата држава. Тоа го покажуваат и денес со оваа акција со која покажуваат внимание кон нивните членови, кои заради здравствени и социоекономски причини се оневозможени да партиципираат во јавните настани, изјави градоначалничката Соња Стаменкова.

Стаменкова на сите пензионери од општина Македонска Каменица им посака многу здравје, пријатно расположение и убави моменти со најблиските за време на претстојните новогодишни празници.

Со ова, како што истакна Јаворка Соколовска, претседател на пензионерското здружение, на дело уште еднаш се покажува блиската соработка помеѓу пензионерите и локалната самоуправа.

– Во таа насока е и грижата на Здружението за своите членови и сограѓани. Ова се покажува и со денешната акција со која традиционално на изнемоштените членови им се доделуваат солидарни новогодишни пакети, истакна Соколовска.

Ваквите активности во пресрет на Новогодишните и божиќните празници како што додадоа од општината ќе се реализираат и во наредниот период.

 

One thought on “Доделени Новогодишни солидарни пакети на болни и изнемоштени пензионери од М.Каменица

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *