Прогласени најдобриот полицаец и пожарникар во Куманово

Горан Величковски и Розе Спасовски се прогласени за најдобар полицаец и пожарникар во Куманово за 2019-та година. На денешниот прием градоначалникот Максим Димитриевски им додели признанија и подароци. Двајцата професионалци се предложени од нивните колеги и установи за најуспешни за оваа година, поради нивниот професионален ангажман.

Во изјава за медиумите, двајцата истакнаа дека е чест и задоволство што ја примаат наградата, заблагодарувајќи им се на колегите за поддршката и потенцираа дека наградата ќе им биде мотив да постигнуваат повеќе резултати во иднина. Величковски во СВР Куманово работи од 1993-та година, а Спасовски има триесет годишна кариера како возач-пожарникар.

– И со двете институции имавме одлична соработка, тековната 2019 година. Особено сме задоволни во делот и ангажманот на сообраќајната полиција и апелираме да продолжи таа интенција за зачестени контроли, особено за прекршоците во сообраќајот и зголемување на недозволена брзина на движење, а воедно сме многу горди на сето тоа што нашата противпожарна единица го направи во градот оваа година. Со тие лимитирани средства и ресурси со кои располага со надчовечки напори сепак се справи со голем број на пожари, предизвици и спречи голем број на евентуални несреќи, рече  Димитриевски.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *