Започна новогодишниот саем на книги во Делчево

Јавната локална библиотека „Илинден“ од Делчево ја завршува годината со Новогодишен саем на книги. Како што информираше директорката на библиотеката Билјана Петровска, на саемот на продажба се најбараните наслови од издавачката куќа „Сакам книги“.

– Од денеска започна мини-саемот на книги на издавачката книга „Сакам книги“. Да потсетам дека овој саем на книги е во организација на Јавната локална библиотека „Илинден“, а е дел од новогодишната Програма на општина Делчево. „Сакам книги“ ни испратија прекрасни наслови кои што чекаат на сите наши читатели и сите наши сограѓани, инфомира Петровска.

Читателите изразија задоволство од понудата која може да се најде во рамки на Новогодишниот саем на книги.

– Ги обожавам книгите од оваа издавачка куќа. Има наслови кои долго време чекам да ги имам во мојата колекција на прочитани книги. Благодарност до библиотеката која и оваа година ни овозможи да другаруваме со нашите омилени дела, истакна посетителка на саемот.

Мини саемот е предвиден да трае до петок 27 декември 2019 до 18 часот. Оваа активност, како што додадоа од библиотеката, е последна во организација на библиотеката „Илинден“ од Делчево за оваа календарска година.

 

One thought on “Започна новогодишниот саем на книги во Делчево

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *