Нови капитални инвестиции на Општина Ресен за подобро водоснабдување

 Општина Ресен преку Стратегијата за развој 2020-2022 значително ќе ја подобри водоводната мрежа на подрачјето на својата твериторија. Ф окусот е ставен на населените места Коњско, Претор, Асамати, Стење и Јанковец, каде ќе се обезбеди квалитетна и исправна вода за пиење.

Според развојните планови на Општина Ресен, во наредниот двегодишен период ќе бидат преземени мерки за целосно решавање на водоснабдувањето и во градот Ресен.

-Во рамки на капиталните инвестиции за изградба на системи за водоснабдување планирана е реконструкција на водоводната мрежа во градот, но и во населеното место Коњско каде планираме решавање на проблемот со водоснабдување со исправна вода за пиење за што ќе биде изграден резервоар за вода, а исправна вода за пиење ќе биде обезбедена и за жителите на Јанковец, Стење, Претор и Асамати, посочуваат од секторот за односи со јавност.

Од Општина Ресен информираат дека во наредната година ќе извршат набавка и изведба на хлоринатори затоа што населените места кои што не се вклучени на регионалниот водовод, а се снабдуваат со вода за пиење од локални извори, водата не ја хлорираат.

-Водата за пиење во населените места кои користат локални извори, редовно ја контролираат стручни екипи на Завод за здравствена заштита-Битола. Тие вршат лабораториски анализи и најчесто констатираат дека водата е исправна за пиење, но може да биде поквалитетна доколку се хлорира и затоа со програмата за капитални инвестиции предвидена е набавка и изведба на хлоринатори. За реализација на овој проект од општинскиот буџет и со средства од донатори ќе бидат обезбедени 4,8 милиони денари, посочуваат од Општина Ресен.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *