Дебар доби новогодишен лик

По повод престојните новогодшни празници Дебар доби новогодишен лик. Во центарот на градот е поставена голема елка, а светилки и други украси има и во градскиот парк.

-Среќна Нова 2020 година,со надеж за многу повеќе љубов, мир, верба , хуманост и благосотојба, посака градоначалникот Хекуран Дука.

Додаде дека цел како локална самоуправа била градот да добие новогодишен амбиент, да се почувствува новогодишна атмосфера, како и во другите градови во светот.

Во новогодишна атмосфеара пулсира и Ростуше, административниот центар на општина Маврово Ростуше,каде со светилки е украсен центарот на Ростуше.

Како и во Дебар и во Ростуше убаво украсени се и витрините на трговските, угостителските и другите објекти, многу дворови и балкони, а новогодишната елка е составен дел од секој дом.

Освен украсувањето, предновогодишната атмосфера почна да ја надополнува и зголемената фрекфенција на луѓе и возила, бидејќи многу печалбари од западноевропските земји, пред се од Италија,Германија и Швајцарија, по традиција, веќе почнаа да пристигнуваат во родниот крај.

Новогодишни програми,каде преовладуваат песнички за новата година и Дедо Мраз, подготвуваат најмладите и нивните воспитувачки од детската градинка „Брешија“,со кои ќе настапат пред родителите и други граѓани, последните денови од оваа година.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *