Општина Битола ја утврди програмата за еднакви можности

Општина Битола во соработка со Комисијата за еднакви можности и недискриминација ја утврди програмата за еднакви можности во 2020 година во која главен акцент е ставен на изработката на нова Стратегија за еднакви можности за периодот 2020-2024 година .

За реализација на програмата Општина Битола обезбеди 500.000 денари кои ќе бидат вложени во обуки за родова интегрција на вработените и членовите на Советот на Општина Битола, организирање работилници за идни раководители и други мерки за родова еднаквост.

Од Општина Битола очекуваат програмата да се реализира и со поддршка и директна вклученост на медиумите за што ќе бидат организирани обуки на тема родова еднаквост, а во 2020 година ќе биде објавен конкурс за новинарски натпревар со истражувачки стории за родова еднаквост или нееднакост, како и други новинарски видувања на тема родова еднаквост.

Во програмата за еднакви можности од Општина Битола најавуваат едукативни активности за подигање на свеста за репродуктивно здравје, превенција од сексуални болести ХИВ/СИДА, јавна кампања против родово основано насилство и трговија со луѓе, но и мотивирање на работата на женските спортски клубови во градот со соодветна финансиска поддршка.

Во текот на наредната година и согласно Програмата за еднакви можности, Општина Битола директно ќе се вклучи во иницијативите за економско јакнење на жената, полесен пристап на жените до пазарот на трудот, подигнување на свеста на руралната жена и зголемување на бројот на жени претприемачи.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *