ЖУЛИО ЦЕЗАР ЗАМИНА ОД БЕНФИКА

Легендарниот бразилски голман, Жулио Цезар, спогодбено го раскина договорот со еден од најдобрите португалски тимови, Бенфика.

Триесет и осум годишниот Цезар, во Бенфика дојде пред три години, а претходно настапуваше за Интер, Квинс Парк Ренџерс и Фламенго. За репрезентацијата на Бразил има одиграно 87 натпревари.

Бразилецот кој освои се што можеше да се освои во фудбалот, особено кога настапуваше за Интер, беше пред одлука да замине во фудбалска пензија, но остана во фудбалот на барање на раководството на Бенфика. Сепак не доби заслужена минутажа, а заврши како трет голман во екипата. Пред него шанса добија помладите Бруно Варела и Миле Свилар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *