Заев-Бабиш: Поддршка од Чешка за позитивен исход до март за преговори со ЕУ

Охрабрени сме со постојаните заложби да се задржи прашањето за проширување видливо и високо на агендата на Европската унија по октомврискиот совет на ЕУ. Искрено се надеваме дека овој притисок ќе даде резултати и оти многу бргу во претстојниот период ќе пристигне одлуката за почеток на преговорите за пристапувањена нашата земја во ЕУ, порача премиерот Зоран Заев на заедничката прес-конференција со неговиот чешки колега Андреј Бабиш, во рамки на официјалната посета на македонска владина делегација на Чешка.

Заев оцени дека со Чешка имаме одлични политички односи и потенцираше дека пријателството во иднина ќе продолжиме да го јакнеме во економијата. Со Чешка одбележуваме 25-години од воспоставувањето дипломатски односи со, посочи Заев, постигната прогресивна економска и секторски широко распространета соработка.

-Силни се тие врски, и за двете земји се обврска за одржување и продлабочување на взаемните односи со политички дијалог на највисоко ниво. Чешка еден од најважните и постојани поддржувачи на нашата интеграција во ЕУ и НАТО. Високо ја цениме силната и гласната поддршка на сите нивоа, рече Заев и додаде дека пријателските и заемно поддржувачки односи се силни и на мултилатерален план и оти за нашата земја е од исклучително значење што Чешката Република, како претседавач на Вишеградската група организираше Самит на премиерите на земјите од Вишеград и од Западен Балкан.

Чешка, заедно со Австрија и Италија, како што наведе Заев, беше земја лидер и иницијатор зад кои застанаа 15 земји членки на ЕУ и со писмо до Европската Комисија упатија повик за подобрување на ефикасноста на процесот на пристапување, во исклучително момент кога на Северна Македонија и беше најпотребна една ваква поддршка. Тоа се само неколку од големите пријателски гестови на Чешка кон Северна Македонија.

Премиерот Бабиш, информира владината прес-служба, го истакна силното партнерство што нашата држава го покажа во однос на ЕУ во 2015 година за време на мигрантската криза и нагласи дека Чешка ќе ја продолжи поддршката  на европските аспирации за кои земјата ги исполни сите услови за да ги започне преговорите, особено со договорите со Бугарија и Грција.

– Премиерот Бабиш уште нагласи дека Чешка продолжува да инсистира ова прашање да заврши со позитивен исход до март идната година и дека неговата земја ќе ја зајакне економската соработка со Северна Македонија, како со земја партнер и сојузник во НАТО, информираат од Владата.

Заев ја истакнал и одличната соработка со Чешка на нашата јужна граница во мониторингпт и контролата на мигрантските движења и големата поддршка во справувањето со кризата со бегалците и миграциите со миспорачаната финансиската и материјална помош на Министерството за внатрешни работи.

Како што нагласи Заев, сега е време двете земји да се посветат економската соработка, особено во делот на зајакнување на трговската размена и во интензивирање на инвестиции.

-Мешовитиот комитет за економска соработка ги утврди главните области што можат да ја подобрат меѓусебната трговска размена и економската соработка. Сега треба ние, политичките лидери на двете земји да ги ја поттикнеме соработката во енергетскиот сектор, во делот на обновливите извори на енергија, во автомобилската индустрија, во туризмот. Многу ме радува што деновиве ги привршуваме договорите со компанијата „LOKOTRANS“ за инвестиција во областа на железничката инфраструктура со вкупна вредност од 20 милиони евра. Компанијата има намера да инвестира во Регионален центар за логистика и дистрибуција, со седиште во Скопје, во главниот град на нашата земја, а операциите да ги изведува за целиот регион на Западен Балкан, рече премиерот Заев.

Тој потенцирал и дека постои голем интерес за стипендиите за високо образование што ги доделува Владата на Чешката Република и оти зголемувањето на нивниот број ќе го зајакне пријателството меѓу двете земји.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *