„Дали НАТО и ЕУ се гаранција за реформирани безбедносно-разузнавачки служби?“ е насловот на панел – дискусијата што ќе се одржи денеска во Скопје во организација на ЕВРОТИНК – Центар за европски стратегии од С. Македонија во соработка со Белградскиот центар за безбедносна политика од Србија и Институтот Алтернатива од Црна Гора.
– Реформата на безбедносно-разузнавачките служби во Р. Северна Македонија е еден од врвните приоритети за земјата. Истата се разгледува во контекст на евроинтеграциите во согласност со барањата од институциите на Европската Унија за реформи во клучни области, но и согласно заложбите за отопочнување на преговори со ЕУ. Истовремено, извесно е дека земјата ќе стане полноправна сојузничка во НАТО на почетокот на следната година, што пак се користи како аргумент за квалитетот на реформата, наведуваат организаторите.
Воедно, тие потестуваат дека Црна Гора ги отпочна пристапните преговори со ЕУ во 2012 година, а од 2017-та е и членка на НАТО. Србија, пак, преговара со ЕУ од 2014 година. Истовремено, и двете земји се соочуваат со важни предизвици за обезбедување на отчетност на разузнавачките служби.
На панел дискусијата ќе учествуваат Дина Бајрамспахиќ од Институтот Алтернатива, Црна Гора, Предраг Петровиќ од Белградскиот центар за безбедносна политика, Србија и Магдалена Лембовска од ЕВРОТИНК – Центар за европски стратегии, Северна Македонија, кои ќе се обидат да одговорат на повеќе прашања меѓу кои и: што се случува со разузнавачките служби во Црна Гора по пристапувањето во НАТО, како се третира безбедносно-разузнавачкиот сектор во процесот на преговорите на Србија и на Црна Гора со ЕУ, која е улогата на разузнавачките служби во заробувањето на државата во Србија, кои се последиците од силните врски меѓу разузнавачките служби и политичарите и кои се научените лекции за идниот развој на безбедносно-разузнавачкиот сектор во Македонија.
Настанот е поддржан од Европскиот фонд за Балканот во рамките на проектот „Кој ги следи оние кои не следат: Кон отчетни разузнавачки служби во Западен Балкан“, кој што заеднички го спроведуваат Белградскиот центар за безбедносна политика, Институтот Алтернатива и ЕВРОТИНК – Центар за европски стратегии.
Excellent content! The way you explained the topic is impressive. For further details, I recommend this link: EXPLORE FURTHER. What do you all think?