Малцинствата од православна веросповест во Албанија бараат 7 јануари да влезе во календарот на празници

Малцинствата од православна веросповест во Албанија бараат седми јануари, да влезе во календарот на официјални празници.

Барање за тоа денеска до албанскиот законодавен дом го доставил Васил Стерјовски, пратеник од Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ.

– Денеска во албанското Собрание поднесов амандман за дополнувања на законот бр. 7651, од 21.12.1992 година „За официјалните празници и спомен денови “. Преку овој амандман, предлагам албанското Собрание да го внесе во календарот на празници во Република Албанија, 7-ми јануари, Божик според Јулијанскиот календар и тој да биде неработен ден за македонското, српското и црногорското национално малцинство од православна вероисповед, изјави за МИА Стерјовски.

Во образоложението наведува дека Божик, Хрстовото раѓање е еден од најголемите празници за православните христијани и за таа цел, неговото славење на достоинствен начин е неопходност за сите припадници на македонското, српското и црногорското национално малцинство од православна вероисповед во Албанија.

– Поддршка на оваа иницијатива, даде Советот на општина Пустец, кој смета дека е многу неопходно, со оглед на фактот дека Општина Пустец е населена со 100% македонско население од православна вероисповед. Ги слават православните празници вклучително и Божик според Јулијанскиот календар, вели Стерјовски.

Посочи дека целосна поддршка дал и Државнот комитет за малцинства, како и сите здруженија кои ги застапуваат интересите на македонското, српското и црногорското малцинство во Албанија и се грижат за нивниот национален, верски, културен иденттет.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *