АЛФА РОМЕО СЕ ВРАЌА ВО Ф1

По пауза од 33 години, во натпреварите на Формула 1 се враќа екипата која некогаш “жареше и палеше” на пистите ширум светот, Алфа Ромео. Враќањето на Алфа ќе се случи од следната сезона, а дотогаш ќе биде создаден тим под името Алфа Ромео Заубер, со болид на кој ќе стои логото на Алфа, а моторот ќе биде од Ферари.

Постарите љубители на овој спорт ќе се израдуваат на оваа вест, со оглед на тоа што сигурно се сеќаваат на 1950 година кога ова натпреварување почна и кога за Алфа Ромео возеа непобедливите Џузепе Фарина и Хуан Мануел Фанџо.

Засега не се открива кои возачи ќе бидат ангажирани во оваа екипа, но се претпоставува со оглед на тоа што ова е млада екипа дека и возачите ќе бидат млади. Во тој контекст се споменуваат имињата на Карло Антони и Антонио Џовинаци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *