Во Општина Гевгелија над 1000 лица примаат постојана или повремена парична помош

Повеќе од 1.000 лица во Општина Гевгелија примаат постојана или времена парична помош од Меѓуопштинскиот центар за социјални работи кој се грижи за покривање пред се на граѓаните во социјален ризик, потврдија од гевгелискиот центар.

-Наведената бројка ја сочинуваат корисници на правата од гарантирана минимална и еднократна парична помош, приматели на помош во натура, лицата на кои им е потребна помош од друго лице, сите хендикепирани лица како и корисници на детски и родителски додаток како и образовен додаток, велат социјалните работници.

Според нивната информација, за состојбата со социјалната заштита во општината, која беше прифатена од општинскиот Совет, 120 домаќинства добиваат гарантирана минимална помош за лица материјално необезбедени и за лица неспособни за работа до 65 годишна возраст, 520 корисници добиваат паричен надомест за помош и нега од друго лице од кои 160 трајно го користат правото, а 334 времено.

Покрај ова социјалните работници во информацијата наведуваат потреба од изградба на социјални станови и домови за стари лица или друг вид живеалишта за згрижување на социјално загрозените лица кои би им се давале под поволни услови но во соработка со Фондот за стопанисување со станбен простор како би се доделиле на лицата на кои им се неопходни.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *