Елезовски: Основните човекови права за Ромите повеќе декларативни отколку суштински

  Националниот ромски центар (НРЦ)  денеска по повод Меѓународниот ден за човекови права – 10 декември побара еднакви права за сите граѓани во државата, акцентирајќи дека се уште има простор за преземање повеќе активности за унапредување на правата на Ромите.

Извршниот директор на НРЦ, Ашмет Елезовски вели дека Ромите се уште се соочуваат со недостиг на права.

Тој потсетува дека политичарите и претставниците на државните институции во државата на локално, национално ниво, но и европските претставници постојано кажуваат дека ќе се подобри пристапот на ромската заедница до остварување на правата од повеќе сфери и оти ќе се подобри нивниот статус во однос на економска стабилност што подразбира вработување и социјални права, до соодветно домување, здравствена нега.

– За жал,  се уште кон Ромите се спроведува дискриминација која полека преминува во расна дискриминације  –расизам- антициганизам на ромски деца во образованито, на ромските жени во здравство, при  вработување на Ромите и во јавниот и приватниот сектор. Ова се аларматни и  јасни сигнали до институциите, меѓународниот фактор,  сериозно  со политичка волја и одговорност да се работи и да обезбедат финансии  за унапредување на правата на Ромите како рамноправни граѓани на Европа и светот, рече Елезовски.

Според него, покрај тоа што се вложени години, време и едукација, сепак правата за одредени граѓани, меѓу нив и на припадниците на ромската етничка заедница се уште не се докрај достапни. Основните човекови права за Ромите, потенцираше, повеќе се декларативни, отколку суштински.

-Многу граѓани активисти, се бореа за своите права и правата на своите семејстваи пријатели и сограѓани без разлика на пол, боја и религија. Беа сон, но со време станаа реалност. Сите сме исти, секој треба да биде горд на тоа што  е. Права еднакви за сите во секојдневниот живот-повика Елезовски.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *