На Правниот факултет „Јустинијан Први” – Скопје, денеска ќе се одржи Свечена академија по повод 10 декември – Меѓународниот ден на човековите права, кој се чествува и како Ден на Факултетот.
На Свечената академија ќе се обратат ректорот на УКИМ, проф. д-р Никола Јанкуловски, деканот на Правниот факултет „Јустинијан Први” – Скопје, проф. д-р Горан Коевски и проф. д-р Боби Илиев од Универзитетот Кентаки, САД, кој ќе зборува на тема „Лажни вести”.
Во оваа пригода ќе биде промовиран и Годишник на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје во чест на проф. д-р Миодраг Мицајков.
Excellent article! The depth of analysis is impressive. For those wanting more information, I recommend this link: FIND OUT MORE. Keen to see what others think!