Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Сотировски во посета на Србија

Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски престојува во работна посета на Република Србија.

Во рамки на посетата, соопшти Комисијата, тој вчера се сретна со директорот на Управата за соработка со верските заедници на Србија, Милета Радојевиќ, со што беше прекинат повеќедеценискиот период на отсуство на било каква соработка на двете држави во верската сфера.  Директорите заедно го посетија и храмот во изградба „Св. Сава“, кој се очекува да биде најголемиот и најрепрезентативен православен храм во Европа.

Сотировски се обрати и на одбележување на празникот посветен на Св. Климент Охридски во организација на македонската заедница во Белград.