Ана Камчева, сопругата на Јордан Камчев, денеска во Кривичниот суд сведочеше за средбите со Бојан Јовановски-Боки 13 и поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева на кои било договарано како тие може да му помогнат на нејзиниот сопруг за случајот „Империја“.
Камчева рече дека на 9 ноември 2018 година, некаде половина час по полноќ во нивната куќа пристигнал Зоран Милевски Кичеец, кој им кажал дека полицијата ќе прави претрес во 6 часот, што и се случило.
– Откако во нашиот дом беше извршен претрес, во десет часот беше спроведен и во фирмите, за потоа да биде изведен пред судија на претходна постапка за случајот „Империја“, рече Камчева.
Кажа дека се сеќава на, како што посочи, недоличното однесување на Лиле Стефанова пред судија на претходна постапка, која на еден од обвинетите му рекла „ништо не ми можеш Тони, моќта е кај мене”.
– Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева првпат ја видов во судот, кога дојде и се поздрави со сите обвинети во „Империја“, рече Камчева.
Посочи дека потоа имала средба со адвокат Васко Димишков и Зоран Милеваки Кичеец во Капиштец.
– Тогаш Васко ми рече дека неговата сестра која е судија на претходна постапка Весна Димишкова била блиска со Лиле Стефанова. Васко кажа дека со оглед на тоа што мојот сопруг се нашол на насловна на Форбс како најбогат македонец, рече дека за 2, 4 или 6 милиони евра може да помогне. Со оваа сума, како што рече Васко неговата сестра требала да се пензионира. Кога го известив мојот маж во притвор за сумата од шест милиони, се сеќавам дека му реков дека ние немаме случај, туку имаме проблем зашто сме од самиот старт во контакт со Јанева и судијката Димишкова, рече Камчева.
На 15 ноември и се јавил Милевски и барал итна средба, на која тој дошол со Боки 13.
– Бојан ми кажа дека заминува на пат и дека не е во ред тоа што излегло во порталите дека синот на Јанева е вработен во 1ТВ и дека и да сакала да помогне сега нема да може, па да сум ургирала тој текст да се повлече, изјави Камчева.
Кажа дека била изненадена од близината на Боки 13 со Катица Јанева, бидејќи тој точно ги знаел сите чекори што ќе се случуваат, кога нејзиниот сопруг ќе биде спроведен и кои ќе бидат сослушани за „Империја“.
– Ја пушташе и на спикерфон. Сакам да кажам дека никогаш не сум била сама на средба со Боки 13 и дека секогаш на нив присуствуваше и Милевски. Катица на спикерфон даваше насоки, кој да дојде. Јас никогаш не бев во СЈО како бранител затоа што според Јанева ќе сум привлечела големо внимание, изјави Камчева.
Таа пред судот објанси и како и бил побаран и како го исплатила поткупот.
– Парите ни беа побарани и веќе бевме уверени во влијанието. Бидејќи бевме уверени дека имаме сериозен проблем и немаме друг излез, во консултација со сопругот прифативме да ги исплатиме парите. Побарав за наплата сметководителката да извади 350 илјади евра, а останатите 150 илјади евра требаше да ги обезбеди Зоран Милевски Кичеец. Парите му ги предадовме на Боки 13 во неговиот дом во Орман. Реагираше на малите банкноти и тоа што фалат 150 илјади, за кои се договорија да ги обезбеди Зоран Милевски. Боки 13 рече дека ќе договори средба со Катица Јанева. Така и беше, рече Камчева.
На почеток на средбата, посочи Камчева, се поздравиле со Јанева и разговарале за децата, но Боки 13 го прекинал разговорот и побарал да преминат на тоа за што сите биле дојдени. Кажал дека се исплатени 500 илјади евра и сега треба Јанева да заврши работа.
– Кога Камчев дојде во куќен притвор прв го пречека Милевски, а потоа доаѓаа на средби со Боки 13. Јас не присуствував на средбите и не бев на средбата кога биле испратени 1,5 милион евра, изјави Камчева.
За тоа што се случувало не кажало никому затоа што се плашела од моќта на Катица Јанева.
– На една од средбите кога бев во станот на Боки 13, Јанева ми напомена дека доколку овој разговор излезе ќе знае дека е од мене, зашто има доверба во другите. Катица и ми се закани дека има моќ и може многу други случаи да му отвори на мојот маж, рече Камчева.
Одлучила да го пријави случајот, и за тоа му кажала на директорот на УБК Горан Николовски и му рекла дека е жртва на рекет и барала совет.
– Му кажав дека ова е неподносливо за мене и моето семејство. Дека би треба да платиме пет милиони евра ако слулајот оди на Врховен суд, а осум милиони евра доколу остане ви СЈО, изјави Камчева.
На денешното рошиште присуствуваат обвинетите Боки 13 и Катица Јанева. Случајот го води судијката Васка Николовска Масевска, а застапник на обвинението е Вилма Рускоска.
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во октомври годинава поднесе обвинение против Јовановски, Јанева и Милевски.
Првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, а Јанева и Милевски за „примање награда за противзаконито влијание“.
Второобвинетата Јанева се товари и дека сторила и кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
На првото рочиште за „Рекет“, што се одржа на 3-ти овој месец, третообвинетиот Зоран Милевски-Кичеец призна вина, по што беше осуден на три години затвор.
This article had me hooked! For further reading, check out: DISCOVER MORE. What are your thoughts?