СВР Тетово: Продажба и пукање петарди се казнува со парични глоби и затвор

Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до граѓаните да се воздржат од активирање на пиротехнички предмети како петарди со оглед дека таквите постапки претставуваат прекршок и се санкционираат со паричните казни од 200 до 500 евра, а продажбата и со затвор.

-На трговците, родителите и учениците ( основци и средношколци ) им се укажува дека продавањето, односно купувањето и активирањето на петарди на јавни места, на улица, во дворови, влезови на станбени згради и слично, претставува прекршок, за кој согласно член 31 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир предвидена е парична глоба од 200 до 500 евра во денарска противвредност. Нивното набавување и дистрибуирање на пазарот во поголеми количини, пак, спротивно е на Кривичниот законик  и за тоа дело е предвидена казна затвор од најмалку пет години, вели Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Ја потенцира и опасноста по здравјето на луѓето од употреба на пиртхеничките предмети.

-Секторот за внатрешни работи Тетово апелира, особено до учениците од основните училишта, подалеку од ваквите опасни играчки, кои неретко можат да предизвикаат и сериозни последици по нивното здравје, односно повреди на рацете, очите и другите делови од телото, вели Јосифовски.

Секторот за внатрешни работи Тетово веќе одржува состаноци на граѓанските советодавни групи на кои, меѓу другото, се зборува за набавката, продажбата и се друго поврзано со пиротехничките средства. Вакви состаноци се организираaт и во основните и средните училишта на тетовско-гостиварското подрачје. Иницијатор и носител на овие и другите активности е Отсекот за превенција, потенцираат од СВР Тетово.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *