Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип ќе ја продлабочува соработката со Францускиот институт. Активностите кои ќе претстојат наредната година денеска ги договараа Емануел Рембер, директор на Францускиот институт и проректорот за настава на УГД-Штип, Мишко Џидров.
Освен како изборен предмет да имаме и испраќање на повеќе студенти во Франција. Конретно зборевме за неколку чекори во наредната година, коишто би биле за промовирање на францускиот јазик на нашиот Универзитет, вели Џидров.
Тој најави дека со нови акредитации на студентските програми во 2021 година, студентите ќе можат францускиот јазик да го бираат како изборен предмет.
Директорот на Францускиот институт, Рембер истакна дека веќе е утврден планот за промоција на францускиот јазик.
-Она за што зборуваме беше фактот дека оние студенти кои ќе го изберат францускиот јазик наредниот семестар ќе добијат од наша страна поддршка со културни активности. Значи дали е тоа пристап до книги, до францускиот филм. Но, исто така да не ја заборавиме и грастрономијата односно ќе имаат можност да го вкусат француското вино и сирење, вели Рембер.
Тој денеска го промовираше и својот научен труд, односно пријателска биографија за познат белгиски поет Жан Клод Перут, а промоцијата ја направи пред осудениците во новата библиотека во затвор-Штип.