Францускиот амбасадор Тимоние во посета на Општина Кичево

Градоначалникот на општина Кичево Фатмир Дехари денеска се сретна со францускиот амбасадор Кристијан Тимоние, со кој разговараа за можностите за соработка, за инфраструктурата, развојот на општината, како и досегашните и идните проекти со кои ќе се продолжи традицијата на добрите меѓусебни односи.

-Разговаравме на темата децентрализација, при што укажавме дека француската агенција за развој ќе даде конкретна помош во согласност со потребите и можностите и врз основа на ова работиме на конкретна легислатива како можеме да ги поттикнеме младите да останат овде. Потоа зборувавме за новата методологија за преговори за членство во ЕУ што ја предложи Франција и  секако за фондовите кои ќе бидат опфатени во рамките на оваа нова методологија, рече Тимоние.

Градоначалникот Дехари истакна дека е добра вест тоа што француската агенција за развој изразува подготвеност за да им помогне на општините. Со тоа, рече, ние во иднина ќе можеме да аплицираме за да добиеме средства од овие фондови.

Амбасадорот Тимоние, денеска го посети и ООУ “Реџ Рушит Зајази“ во село Зајас, чии ученици се дел од проектот за соработка меѓу училишта од Кичево и Франција.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *