Прв детски музички фестивал „Мелодија“ во Кичево

„Мелодија“ е првиот детски музички фестивал што се одржа минатиот викенд во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево, на кој 16 млади солисти од училиштата со настава на македонски јазик ги претставија своите песни.

Градоначалникот на општина Кичево, Фатмир Дехари, изрази задоволство и пофалби за организаторите на фестивалот.

-Деца од различни возрасти обединети под звукот на музиката, со фантастични креации, ја претставија својата програма пред публиката за кого салата беше мала за да ги собере сите нив. Можноста понудена од академијата „Кристина“ во организација на Христијан Тришоски, Кристина Цветаноска и Христијан Ѓорѓиевски е за поздравување, рече градоначалникот.

Фестивалот Мелодија беше поддржан од Општина Кичево, финансиран од програмата за културна 2019 година, со надеж дека ќе ја прошири својата активност во иднина и ќе стане традиционален.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *