Кумановскиот театар утревечер премиерно ќе ја изведе претставата „Имотот на агата“, според текст на „Просидба“ од А. П. Чехов, во режија на Марко Богдановски, информираа денеска на прес – конференција од театарот.
Темата е блиска до граѓаните, бидејќи акцентот е ставен на телевизиите, на нивната можност за пренесување на информации.
– „Имотот на Агата“ е наслов даден отпосле, не е оригиналниот наслов. Ние се базираме на „Просидба“ од Чехов. Го одбрав Чехов заради тоа што „Просидба“ е една интересна тема што се провлекува низ општеството со векови, па дури и сега ги има тие моменти и сите тие комични елементи што самиот автор ги напишал. Ние пробуваме преку сатирична игра да дадеме посилен акцент на тој хумор. „Имотот на агата“ се вика бидејќи се случува секојдневно барем тука кај нас во нашата држава, во сите домаќинства, семејства, посочи Богдановски.
Актерите Владанка Димковска и Марко Трајковиќ велат дека ова е култен текст, но во претставата акцентот е ставен во поинаков концепт. Публиката, велат, ќе има можност да ужива во добрата игра на актерите на малата сцена.
– Не случајно на постерот насловот на претставата се наоѓа во екранот на телевизорот преку аудиовизуелните елементи прикажуваме една измислена телевизија и нејзината апсурдна програма. Сите снимени материјали се снимени од актерите и уште неколку пријатели, рече Емил Пачковски, задолжен за аудиовизуелни елементи.
What a great read! The humor was a nice touch. For further details, click here: READ MORE. Let’s chat about it!