Сугарески: Завршените процедури надеж дека догодина во општините ќе стигне гасоводот

Сите експропријации и службени процедури се комплетно завршени и гасодовот напредува со силна динамика, а наредната година веќе може и општините да се приклучат, истакна денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески од Теарце, каде заедно со општината се работи на реконструкција на секундарна водоводна мрежа.

– Извонредната динамика на реализација за која очекуваме краците преку Тетово до Гостивар и кракот од Неготино преку Прилеп и Битола целосно да бидат завршени со цел општините да можат да се приклучат на тој магистрален гасовод во текот на наредната година. Тоа е овозможено со оглед дека експропријациите и останатите службености се решени, рече Сугарески.

Според Сугарески до крајот на годината ќе се зголеми процентот на реализација на проектите кои Министерството за транспорт и врски ги прави, а сега изнесуваат 71 отсто. Според него, се користат добрите временски услови за напредување во реализиација на проектите.

– Во овој момент имаме 71 отсто на реализација на капитални инвестиции и очекуваме тоа да се зголеми до крај на година, бидејќи овој период следуваат исплаќања навремени на завршни ситуациии. Тоа што целата година го ветував почнувајќи од првиот квартал ова Министерство ќе ја постигне таа економска година, бидејќи бројките тоа го покажуваат. Работиме на 20-тина проекти кои се работат во моментот, некаде шест или седум се во постапка на тендерирање и очекуваме за месец и месец и половина уште 20 проекти да започнат со тендерирање, додаде Сугарески.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *