Анѓушев: Со минималната плата се штитат луѓето што немаат алтерантива

Вистината е во реалноста, а реалноста е дека со минималната плата од 14.500 денари не се штитат сите вработени. Никој нема илузија дека со таа плата може да се преживее. Со минималната плата се штитат луѓето што немаат алтерантива, оние на возраст од 40 – 50 години кои кои живеат и работат во некои од понеразвиените подрачја на државата и кои нема да заминат, кои немаат храборст, знаење и каде да заминат. Во реалната индустрија нема да најдете такви, рече вицепремиерот Кочо Аншушев во вечерашната „24 Анализа“.

Според него, ваква мерка, за минимална плата, постои во сите држави и во најголемиот дел од земјите-членки на ЕУ.

-Мора да живееме во реалниот свет, а тоа е дека не може да најдете вработен за таа плата ако имате нормално работење. Кој е тој што ќе може да ги задржи вработените со 14.500 денари? Ова не е мерка за заштита на сите, туку за тие што немаат алтернатива и таа мерка постои во сите држави, во најголемиот дел од ЕУ. Лошо ја сфаќаме мерката, дека е за заштита на сите вработени, повтори Анѓушев.

Суштинското прашање, дополни, е како компаниите да ја зголемат прдуктвиноста.

– Не можете да развивате економија со депресирани лични доходи кои, пак, се резултат на неконкурентноста и непродуктивноста. Треба да се подигне свеста на стопанствениците, тие треба да сфатат дека ќе имаат иднина само ако се конкурентни. Нашиот пазар ќе станува се поотворен, затоа ќе мора да се оди на производи со поголема додадена вредност, а за зголемување на продуктивноста постојат три начини: да купите нови технологии, да имате луѓе обучени да работат со тие технологии и да имате менаџмент способен да ја организира работата, истакна Анѓушев.

За претседателката на Сојузот на стопански комори, Данела Арсовска, 14.500 денари не е плата достојна за живот. Минималната плата треба да биде повисока, но за тоа треба да се изнајдат соодветни механизми – како тоа да се направи, да не биде исилено и вештачки. Оценка на Арсовска е дека ваквата мерка негативно ќе се одрази врз семејните бизниси со по еден до пет вработени, како и кај самовработените кои се охрабриле со државна поддршка да отворат сопствен бизнис. Претседателката на ССК предочи и дека дефинираната плата од 14.500 денари нема да значи исто во Скопје и во некои од другите градови низ државата.

-Требаше да се работи паралелно на тоа приватниот сектор да влезе во систем на функциоаналност, да не се змеаат кредити за да се исплаќаат платите зашто тоа не е одржливо на подолг рок. Најголемите реакции се во семјните компании, каде што работат едно до пет лица од семејството и кои немаат можност да поделат повеќе плата. Другите се оние што се самовработуваат. За нив требаше да се најдат механизми да им се помогне зашто веројатно земале субвенции од државата. Тука се и компаниите од трудоинтезивните дејности на кои можеби работата не им оди најдобро, намалени им се нарачките, укажа Арсовска.

Професорката Никица Мојсовска Блажевски оцени дека минималната плата е ад-хок решние и дека многу побитни за бизнисот се предвидливоста и можноста да се планираат трошоците од ваквите решенија.

-Ми сметаат овие ад-хок решенија. Секогаш имаме вакви ад-хок решенија кои се толкуваат како предизборни. Клучно е да се воспостави механизам, тој да се следи и да има предвидливост, потенцира Мојсовска Блажевски.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *