По повод Светскиот ден на лицата со инвалидност „3-ти Декември“, во мултифункционалниот објект Порта Македонија, ќе биде отворена изложба на слики од 10. Mеѓународна ликовна колонија на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет – Мобилност Македонија, што се одржа во Охрид од 13 до 19 април годинава.
Изложените дела се изработени од академски сликари, академски сликари со телесен инвалидитет и талентирани лица со телесен инвалидитет од Македонија, Словенија, Русија, Србија, Хрватска и Бугарија.
– Мобилност Македонија во својата Програма за работа посветува особено внимание на стимулирање и развој на културно уметничките афинитети на своите членови, лица со телесен инвалидитет. Целиот проект го стимулира ликовното творештво на лицата со телесен инвалидитет и организирањето на ваква меѓународна ликовна колонија има за цел да докаже дека креативните потенцијали на лицата со телесен инвалидитет се многу поважни од предрасудите дека техничката изведба е најважна, велат од Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет.
Muchas gracias. ?Como puedo iniciar sesion?