НАТО Караванот на Инфо центарот за евроатлантски интеграции денеска продолжува во Скопје и во Битола.
На Факултетот за безбедност во Скопје ќе биде оджана дебата со студенти на тема „Улогата на Република Северна Македонија во НАТО: цели, предизвици и можности“, на која ќе говорат претседателот Стево Пендаровски и амбасадорката на САД Кејт Мари Бернс.
Во Битола, пак, ќе биде одржана панел дискусија на тема „Безбедносни придобивки и предизвици за Северна Македонија од членството во НАТО“.
На дебатата ќе говорат министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и холандскиот амбасадор во С.Македонија, Дир Јан Коп.
Покрај панел-дискусијата, предвидени се и дебати за НАТО со средношколци и студенти во Битола.
Настаните што се одржуваат во рамки на НАТО Караванот кој поминува низ повеќе градови во земјава, им нудат можност на граѓаните да дознаат повеќе за процесот и важноста од евроатлантските интеграции на Република Северна Македонија, како и улогата на Алијнсата во одржувањето на мирот и безбедноста на Балканот и пошироко.
Инфо-центарот за евроатлантски интеграции е проект спроведуван од страна на Граѓанската асоцијација МОСТ и е поддржан од Секторот за јавна дипломатија на НАТО, Министерството за надворешни работи на Кралството Холандија, Британска амбасада Скопје и Министерството за надворешни работи на РСМ